Линијата "Мини ми" не е само мода.
Трендот да се облекуваме целосно исто со нашите најблиски или да имаме дел од облеката со исти елементи почнуваат да го наметнуваат светски познати парови. Познати личности се истакнуваат со овој тренд на модните настани, па дури и на црвениот тепих.
Не можеме да го негираме фактот дека една од најфасцинантните работи, кога ќе видиме како родителот го облекува своето слатко дете како да е мала копија од него и да се види целото семејство во иста облека навистина не тера да се насмееме искрено.
И тоа е така, затоа што се покажува дека линијат "Мини ми" не е само мода.
Кога луѓето имаат силна емотивна врска, чувствуваат потреба да го искажат на кој било начин. Овие луѓе и семејства ќе ги препознаете по нивните насмевки, со фактот дека тие честопати се држат за рака и според облеката што ја избираат.
Се разбира, ова е процес што мора да биде диктиран од нашата природна желба и тогаш резултатот е најсилен, но како грижата за нашето здравје, понекогаш е потребно малку повеќе напор и организација од наша страна.
- Се разбира, не можеме да го правиме тоа секој ден. Обидете се да се организирате за посебна пригода или семејна прошетка во паркот или само да излезете со пријателите.
- Не мора да бидете во иста облека. Може да бидете во една боја и стил. Можеби мајките и ќерките да имаат исти фризури ...
Многу силен е ефектот, кога сте со еднакви обувки, замислете си вашето 30 сантиметрино стапало и до него смаленото на половина копје.
- Да сме облечени и да се облекуваме во иста облека и обувки со најблиските луѓе е чувство, емоција и докажан ефект на ментално ниво во многу позитивна насока.
- Дури и ако сте во не толку добро расположение, ако носите исти спортски обувки со вашето дете и носите исти маички или панталони со иста боја, ќе го почувствувате ефектот на задоволство и среќно расположение, поготово кога ќе излезете надвор и некој ќе ве погледне и благо ќе се насмевнува.
- Да се „влезе во обувките“ на вашето дете или пак до блиската сакана личност е докажано дека работи на потсвесно ниво, велат експертите, затоа што тоа не прави повеќе друштвени и љубезни едни кон други.
Ние од K&K веруваме дека чевлите не се само неопходност. Го пратиме овој моден тренд, не само заради комерцијалната страна на бизнисот, туку затоа што постои природен тренд инспириран од блискоста и потребата да се изрази љубов во сите нејзини димензии.
Затоа, ја развивме нова линија „Mini me“, со која сакаме да ги облечеме најстарите заедно со најмладите и да го споделат чувството на нашите обувки.
Оваа статија сеуште нема коментари