Модели: 8214092
Броеви: од 21 до 26
Модел: 8214083
Броеви: од 21 до 25
Модел: 8214081
Броеви: од 21 до 25
Модел: 8214071
Броеви: од 21 до 25
Модел: 7214043
Броеви: од 31 до 37
Модел: 7214033
Броеви: од 27 до 36
Модел: 7214031
Броеви: од 27 до 36
Модел: 539103
Броеви: од 28 до 33
Модел: 3221013
Броеви: од 27 до 37
Модел: 3221014
Броеви: од 27 до 37
Модел: 3221012
Броеви: од 26 до 29
Модел: 3221011
Броеви: од 26 до 30
Изборот на соодветни зимски обувки е многу важен за секого. За да ви бидат нозете топли и суви, не правете компромис за квалитетот на детските чизми. Се разбира тие треба да бидат стабилни, топли, водоотпорни, пријатни и убави. За да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор за вашето дете, го подготвивме овој водич за избор на детски чизми. Погледнете на што треба да обрнете внимание, во однос на ѓонот, материјалите, изборот на вистинскиот број и други корисни совети. Ние веруваме дека секое дете заслужува најдобра грижа, а квалитетните детски чизми ќе им помогнат на децата да растат здрави и среќни!
Без разлика дали времето ќе донесе силен дожд или обилни снежни врнежи, нозете на децата секогаш треба да бидат заштитени. Детските чизми треба да бидат целосно водоотпорни, но знаете дека децата сакаат да стапнат во баричките, нели? Обувите треба да имаат добри споеви, и да бидат топли и меки одвнатре. Материјалите од кои се направени детските чизми не треба да пропуштаат вода за да се одржат нозете суви и топли. За таа цел, најдобро е да се потпрете на детските чизми изработени од вистинска кожа. Прстите на стапалото се првиот дел од телото што се лади и може да страда од смрзнатини. Ниту еден родител не го сака ова за своето дете, па затоа е важно, да останат суви,освен тоа детските чизми треба да се исклучително топли! Проверете дали внатрешноста ја задржува топлината во обувката. Детските чизми треба да бидат меки и пријатни одвнатре, така што децата ќе можат да се чувствуваат пријатно во текот на целиот ден. Без разлика дали се на училиште, во градинка, во двор или во парк, нозете треба секогаш да бидат топли во детските чизми. Стабилен ѓон значи дека тој не се лизга, дури и на снег или мраз. Побарајте детски чизми кои гарантираат безбедност и стабилност на кој било под. Знаеме дека децата сакаат да играат бес разлика кое годишно време е, затоа проверете дали нивните игри се безбедни со правилни детски обувки. Најдобро е нивниот ѓон да биде изработен од термо гума, која е исклучително отпорна на абење исто така е мека и ги амортизира наглите скокови. Не дозволува лизгање на детските чизми, бидејќи има одлична хармонија со надворешните површини. Освен што треба да се стабилни и да изолираат од студ, ѓоновите на детските чизми треба да го следат природното движење на стапалото и да му овозможат да дише. Само на овој начин децата ќе се чувствуваат слободни да играат и да го истражуваат светот околу нив. Природната кожа е многу потрајна од другите алтернативи, па затоа е најдобра опција за детски чизми кои подлежат на многукратно носење. Покрај тоа, детските кожни чизми се до одреден степен водоотпорни и тоа ги прави толку погодни за есен и зима. Не помалку важно е какви се детските чизми внатре. Тие треба да имаат природни облоги што ја задржуваат топлината, но истовремено им овозможуваат на нозете да дишат. Почитувани родители, знаеме дека понекогаш е многу тешко да се одберат детски чизми во соодветната големина за вашите деца. Следете ги овие чекори и тие ќе ви помогнат полесно да ја процените точната големина на детски чизми кои сакате да ги купите: Измерете ја должината и ширината на стапалото на вашето дете и видете на кој број одговараат. Ако е помеѓу два броја, подобро земете ги детски чизми кои се со поголем број.Не заборавајте дека чизмите сепак ќе се носат со подебели чорапи. Брендот K&K е основан во 1996 година. Со текот на времето, се етаблиравме како производител кој се придржува до квалитетот и е поврзан со дизајнот на обувки, вклучително и детски чизми. Благодарение на нашите илјадници задоволни клиенти, денес сме лидер во производството на детски обувки во Бугарија. Секојдневно се обидуваме да ги исполниме современите очекувања за модерни детски обувки и детски чизми. Секоја година развиваме нови сезонски колекции од наш сопствен дизајнерски тим. Погледнете зошто треба да ги одберете нашите детски чизми!Присутни сме и на Македонскиот пазар со наши продавници во Сити Мол, ГТЦ, Тц- Беверли Хилс. Нашите детски чизми со специјална мебрана KKTEX.Ова е единствената опција на чизми, во која децата имаат топли, суви и проветрени стапала во текот на целиот ден. Детски чизми со мембрана KKTEX имаат три одделни слоја. Надворешниот е направен од комбинација на материјали од кожа и текстил и пропушта воздух во чизмата. Во средината е поставена TEX мембрана, чија улога е да пушти воздух и да го запре минувањето на водата внатре. Фината мрежа на мембраната ги „ппропушта“ малите молекули на воздухот, но ги „зафаќа“ големите молекули на вода и го спречува нивниот премин. Внатрешниот слој е поставата на детски чизми, која обезбедува топлина на нозете. Дури и по долги часови во снегот, детските чизми остануваат апсолутно суви внатре! Детските чизми што ги нудиме ние во K&K се создадени од бугарски специјалисти. Тие ги моделираат обувките според анатомијата на стапалото на децата со цел да бидат што поудобни и корисни за нивниот правилен развој. За производство на детски чизми користиме само квалитетни и високотехнолошки материјали. Дизајнерите внимателно ги следат модните трендови со имагинација и естетско чувство, создаваат убави и разновидни модели на детски чизми. Тие се направени во фабриката на „Колев и Колев“ во Софија. Нашите Детски чизми со ништо не заостануваат во однос на светски познатите брендови, но за разлика од нив тие се со цени, многу подостапни за македонскиот пазар. Грижата за детските стапала е нашата главна цел. Ние ви помагаме да ги разберете нозете на децата и да ги одберете вистинските обувки за нив, вклучително и детски чизми. Ние веруваме дека само така секое дете може да расте здраво и да оди самоуверено!Види повеќе:
Водоотпорни детски чизми
Топли детски чизми
Детски чизми со стабилен ѓон
Детски чизми изработени од природна кожа
Како да ја дознаете точната големина на детски чизми?
Квалитетни детски чизми од K&K
Детски чизми со мембрана KKTEX
Детски чизми дизајнирани во Бугарија