Модел: 8203021
Броеви: од 20 до 26
Модел: 8203022
Броеви: од 20 до 26
Модел: 8193042
Броеви: од 21 до 28
Модел: 8203011
Броеви: од 20 до 26
Модел: 9193202
Броеви: од 30 до 38
Модел: 8201061
Броеви: од 22 до 26
Модел: 8203062
Броеви: од 21 до 28
Модел: 8203061
Броеви: од 21 до 26
Модел: 7203061
Броеви: од 27 до 35
Модел: 7203031
Броеви: од 25 до 34
Модел: 7203011
Броеви: од 25 до 38
По возбудата од првите чекори на бебето, доаѓаат нови предизвици. Ако вашето дете веќе оди стабилно и го надраснало времето за бебешки проодувалки, тогаш е време за детските обувки! Тие му даваат чувство на стабилност и самодоверба на секое дете да трча, да скока и да игра надвор. Квалитетните обувки за бебиња им помагаат на нозете да се зајакнат и поцврсто да чекорат на различни површини - камења, песок, дури и шумски патеки или улички во паркот.
Помогнете му на вашето дете да го открие светот околу него со вистинските обувки! Тие се неговата поддршка, но и неговата трамболина кон светот на големите. Правилниот избор на првите обувки е исклучително важен за здрав развој на секое дете. Секако, најдобро е децата да одат боси, но тоа не може да се случува постојано, особено надвор. Тогаш им требаат безбедни обувки за да ги заштитат своите стапала!
Потребни ви се првите детски обувки со кои детето навистина може да се движи надвор, а не само да се вози во количката, откако тоа ќе почне да оди самостојно. Соодветните обувки треба да се флексибилни. Тие мора да бидат изработени од материјали кои дишат и не смеат да содржат пластика. Препорачливо е да купите обувки кои се по долги 7-10 мм од стапалото на детето. Задожително треба да ги измерите на двете нозе, бидејќи во овој период не е невообичаено едната нога да биде различна по големина од другата. Само вистинските обувки за малите дечиња, можат да помогнат во подобрувањето на рамнотежата, држењето и координацијата на детето, затоа не правете компромиси за нивниот квалитет. Запомнете дека најважната работа при изборот на обувки тие да бидат удобни и функционални. Постојат неколку основни критериуми кои обувките за малите дечиња, мора да ги исполнуваат за да бидат што е можно побезбедни за нивните кревки стапала. Ако веќе сте купиле детски обувки, но се уште не сте сигурни дали сте направиле вистински избор, има неколку дефиниции кои ќе ви погонат да дознаете каков избор сте направиле. Бебешките стапала растат брзо, затоа измерете ги стапалата на вашето дете на секои 6-8 недели. Секоја година, до 4-та година од животот, стапалата на дечињата можат да растат за најмалку два броја. Се разбира, се е строго индивидуално и растот не е секогаш рамномерен. Подгответе се дека ќе ви требаат неколку пара детски обувки годишно. Сепак, важно е да не се прави компромис за нивниот квалитет, бидејќи токму во овој период на децата им е потребна најголема поддршка за правилен раст и развој. Соодветните обувки ќе им помогнат на децата да растат здрави и да спречат какви било проблеми во иднина. Детските обувки, создадени од специјалистите на „Колев и Колев“, овозможуваат слободно движење. Тие го обезбедуваат потребното ниво на поддршка и ги штитат меките и кревки детски стапала. Детските обувки им овозможуваат на децата да ја почувствуваат земјата под нозете, истовремено заштитувајќи ги од неизбежното сопнување и паѓање. Тие им помагаат да се движат природно и да го истражуваат светот околу нив, без разлика дали се во градинка, во парк или во шума. Еве ги главните карактеристики на детските обувки кои се под брендот K&K Доколку барате здрави, стабилни и квалитетни детски обувки, можете да ги најдете во нашите продавници во Скопје на најпознатите локации во градот како, Сити Мол, ГТЦ, ТЦ-Беверли Хилс. Секако, можете да нарачате и преку нашата онлајн продавница https://k-k.mk/ , ако сте целосно сигурни во големината на детските обувки што ви требаат. Препорачуваме да ги посетите нашите продавници, каде што нашите представници ќе ве водат и ќе ви помогнат да ги одберете! За да растат децата среќни, одберете детски обувки од K&K!Види повеќе:
Кои се најдобрите први обувки?
На што да внимавате при избор на обувки за малите дечиња?
Како да знаете дали сте ги одбрале вистинските детски обувки ?
Колку често треба да ги менувате детските обувки?
Детските обувки K&K
Каде да најдете детски обувки " K&K "?