Поврзи се со нас:
071 219 955

Мени
Мени

Сортирање

Производители

Вид

Ценовен дијапазон

броеви:

ОБУВКИ

ОБУВКИ

На што треба да внимаваме при изборот на детските обувки? По возбудата од првите чекори на бебето, доаѓаат нови предизвици. Ако вашето дете веќе оди стабилно и го надраснало времето за бебешки проодувалки, тогаш е време за детските обувки! Тие му даваат чувство на стабилност и самодоверба на секое дете да трча, да скока и да игра надвор. Квалитетните обувки за бебиња им помагаат на нозете да се зајакнат и поцврсто да чекорат на различни површини - камења, песок, дури и шумски патеки или улички во паркот. Помогнете му на вашето дете да го открие светот околу него со вистинските обувки! Тие се неговата поддршка, но и неговата трамболина кон светот на големите. Правилниот избор на првите обувки е исклучително важен за здрав развој на секое дете. Секако, најдобро е децата да одат боси, но тоа не може да се случува постојано, особено надвор. Тогаш им требаат безбедни обувки за да ги заштитат своите стапала! Кои се најдобрите први обувки? Потребни ви се првите детски обувки со кои детето навистина може да се движи надвор, а не само да се вози во количката, откако тоа ќе почне да оди самостојно. Соодветните обувки треба да се флексибилни. Тие мора да бидат изработени од материјали кои дишат и не смеат да содржат пластика. Препорачливо е да купите обувки  кои се по долги 7-10 мм од стапалото на детето. Задожително треба да ги измерите на двете нозе, бидејќи во овој период не е невообичаено едната нога да биде различна по големина од другата. Само вистинските обувки за малите дечиња, можат да помогнат во подобрувањето на рамнотежата, држењето и координацијата на детето, затоа не правете компромиси за нивниот квалитет. Запомнете дека најважната работа при изборот на обувки тие да бидат удобни и функционални. На што да внимавате при избор на обувки за малите дечиња? Постојат неколку основни критериуми кои обувките за малите дечиња, мора да ги исполнуваат за да бидат што е можно побезбедни за нивните кревки стапала. Детските обувки треба да одговараат совршено на стапалото - и

На што треба да внимаваме при изборот на детските обувки?

По возбудата од првите чекори на бебето, доаѓаат нови предизвици. Ако вашето дете веќе оди стабилно и го надраснало времето за бебешки проодувалки, тогаш е време за детските обувки! Тие му даваат чувство на стабилност и самодоверба на секое дете да трча, да скока и да игра надвор. Квалитетните обувки за бебиња им помагаат на нозете да се зајакнат и поцврсто да чекорат на различни површини - камења, песок, дури и шумски патеки или улички во паркот.

Помогнете му на вашето дете да го открие светот околу него со вистинските обувки! Тие се неговата поддршка, но и неговата трамболина кон светот на големите. Правилниот избор на првите обувки е исклучително важен за здрав развој на секое дете. Секако, најдобро е децата да одат боси, но тоа не може да се случува постојано, особено надвор. Тогаш им требаат безбедни обувки за да ги заштитат своите стапала!

Кои се најдобрите први обувки?

Потребни ви се првите детски обувки со кои детето навистина може да се движи надвор, а не само да се вози во количката, откако тоа ќе почне да оди самостојно. Соодветните обувки треба да се флексибилни. Тие мора да бидат изработени од материјали кои дишат и не смеат да содржат пластика.

Препорачливо е да купите обувки  кои се по долги 7-10 мм од стапалото на детето. Задожително треба да ги измерите на двете нозе, бидејќи во овој период не е невообичаено едната нога да биде различна по големина од другата. Само вистинските обувки за малите дечиња, можат да помогнат во подобрувањето на рамнотежата, држењето и координацијата на детето, затоа не правете компромиси за нивниот квалитет. Запомнете дека најважната работа при изборот на обувки тие да бидат удобни и функционални.

На што да внимавате при избор на обувки за малите дечиња?

Постојат неколку основни критериуми кои обувките за малите дечиња, мора да ги исполнуваат за да бидат што е можно побезбедни за нивните кревки стапала.

  • Детските обувки треба да одговараат совршено на стапалото - и во должина и ширина.
  • Тие мора да имаат флексибилен ѓон, што истовремено обезбедува стабилност и добра амортизација на разни површини.
  • Детските обувки треба да нудат силна поддршка, бидејќи вашите мали деца сеуште се нестабилни и лесно паѓаат.
  • Важно е детските обувки да бидат, меко обложени на петицата и околу глуждот, за да се минимизира триењето на стапалото во чевелот.
  • Најдобро е детските обувки да бидат изработени од материјали кои дишат - природна кожа или микрофибер, кои го намалуваат потењето.
  • Безбедното прицврстување, да биде прилагодливо, многу е важно за безбедноста на детските стапала. Тие не треба да се лизгаат од стапалата додека детето се движи.
  • Запомнете дека коските во нозете на вашето дете сеуште се развиваат во оваа фаза. Добро е кај детските обувки да имате мало растојание помеѓу палецот и предниот дел на обувката.
  • Детските обувки треба да се зајакнати во предниот дел за да ги заштитат нежните прсти но исто така во делот кај петата.

Како да знаете дали сте ги одбрале вистинските детски обувки ?

Ако веќе сте купиле детски обувки, но се уште не сте сигурни дали сте направиле вистински избор, има неколку дефиниции кои ќе ви погонат да дознаете каков избор сте направиле.

  • Детските обувки не треба да оставаат траги на стапалата по носењето, што значи дека се премногу мали.
  • Црвенило на кожата - може да се појави помеѓу прстите, околу сводот или глуждовите, тоа значи дека детските обувки, можеби се изработени од неквалитетни материјали.
  • Проблеми со ноктите - Ако забележите воспаление или промена на бојата на ноктите на нозете, веднаш променете ги детските обувки, бидејќи не треба да предизвикуваат никаква иритација.

Колку често треба да ги менувате детските обувки?

Бебешките стапала растат брзо, затоа измерете ги стапалата на вашето дете на секои 6-8 недели. Секоја година, до 4-та година од животот, стапалата на дечињата можат да растат за најмалку два броја. Се разбира, се е строго индивидуално и растот не е секогаш рамномерен. Подгответе се дека ќе ви требаат неколку пара детски обувки годишно. Сепак, важно е да не се прави компромис за нивниот квалитет, бидејќи токму во овој период на децата им е потребна најголема поддршка за правилен раст и развој. Соодветните обувки ќе им помогнат на децата да растат здрави и да спречат какви било проблеми во иднина.

Детските обувки K&K

Детските обувки, создадени од специјалистите на „Колев и Колев“, овозможуваат слободно движење. Тие го обезбедуваат потребното ниво на поддршка и ги штитат меките и кревки детски стапала.

Детските обувки им овозможуваат на децата да ја почувствуваат земјата под нозете, истовремено заштитувајќи ги од неизбежното сопнување и паѓање. Тие им помагаат да се движат природно и да го истражуваат светот околу нив, без разлика дали се во градинка, во парк или во шума.

Еве ги главните карактеристики на детските обувки кои се под брендот K&K

  • Направени се од природна кожа и современи високотехнолошки материјали.
  • Горниот дел од детските обувки е исклучително отпорен на надворешни влијанија, благодарение на зајакнатиот дел во пределот кај прстите.
  • Тие имаат гумен ѓон што го намалува лизгањето.
  • Детските обувки се облошени со материјали кои дишат, кои овозможуваат на нозете да останат суви и здрави.
  • Влошките на детските обувки апсорбираат влага и обезбедуваат дополнителна мекост.
  • Детските обувки се карактеризираат со брзо и лесно прицврстување - со каишки со тока, патенти, каишки со лепенки,врвки. Ова не, само што им го олеснува на родителите процесот на облекување, туку ги стимулира децата да преку игра облечи - соблечи се научат самостојно да ги облекуваат обувките.
  • Малите стапала се чувствуваат пријатно во детските обувки и поради нивниот широк преден дел. Дава простор околу прстите да растат и да се развиваат слободно.
  • Детските обувки имаат мека јака на глуждот.
  • Нивните ѓонови се исклучително флексибилни и меки, благодарение на вградениот систем Flexi Step. Овозможува стапалото да се развива природно, истовремено обезбедувајќи му ја потребната стабилност.

Каде да најдете детски обувки " K&K "?

Доколку барате здрави, стабилни и квалитетни детски обувки, можете да ги најдете во нашите продавници во Скопје на најпознатите локации во градот како, Сити Мол, ГТЦ, ТЦ-Беверли Хилс. Секако, можете да нарачате и преку нашата онлајн продавница https://k-k.mk/ , ако сте целосно сигурни во големината на детските обувки што ви требаат. Препорачуваме да ги посетите нашите продавници, каде што нашите представници ќе ве водат и ќе ви помогнат да ги одберете! За да растат децата среќни, одберете детски обувки  од K&K!

Споредба на продукти