Поврзи се со нас:
071 219 955

Мени
Мени

Сортирање

Производители

Вид

Ценовен дијапазон

броеви:

ДЕТСКИ ПАТИКИ

ДЕТСКИ ПАТИКИ

Практичен совет при избор на детски патики Кога вашето дете ќе започне да го истражува светот околу него, проверете дали тоа го прави со најсоодветните обувки за него! Едни од најпотребните обувки за секое дете се детските патики. Со нив тоа може да трча, да скока, да игра и да се чувствува слободно во секое движење. Во оваа статија ќе ви дадеме неколку практични совети за избор на детски патики, како да го одберете правилниот  број и ќе разберете зошто сето ова е толку важно за нормалниот развој на детето. Зошто е толку важен правилниот избор на детски патики? Нозете на малите деца растат со многу брзо темпо. Во овој период им требаат најудобни и најсигурни обувки, вклучително и детски патики. Важно е обувката да одговара не само на должината, туку и на ширината на стапалото. Само правилниот број и форма на обувките можат да помогнат во подобрувањето на целокупниот раст и развој кај детето. Тоа е способност на телото да ја чувствува сопствената позиција во опкружувањето. Ова се должи на зглобовите и мускулите, кои испраќаат пораки до мозокот за координирање на движењето. Детските патики треба да им овозможат на нозете на децата да стојат близу до земјата, истовремено да ги одржуваат стабилни за да има можност, сензорите да вратат со повратна информации,од која има потреба во моментот. Одењето и слободното, поставување на стапалото во детски патики влијае на држењето на телото, мускулите и циркулацијата на крвта. Во потрага по најдобрите детски патики, родителите понекогаш посегнуваат по ортопедски чевли. Имајте на ум, сепак, дека на децата им требаат анатомски обувки, вклучително и детски патики. Ортопедските чевли се специјално дизајнирани за деца кои имаат проблем - рамни стапала, искривување итн. На здравите стапала им се потребни удобни детски обувки или патики кои ги следат природните облини и обезбедуваат стабилност при секое движење. Совети за избор на детски патики Една од најважните работи при изборот на детските патики за вашите најмали е да ги имате во в

Практичен совет при избор на детски патики

Кога вашето дете ќе започне да го истражува светот околу него, проверете дали тоа го прави со најсоодветните обувки за него! Едни од најпотребните обувки за секое дете се детските патики. Со нив тоа може да трча, да скока, да игра и да се чувствува слободно во секое движење. Во оваа статија ќе ви дадеме неколку практични совети за избор на детски патики, како да го одберете правилниот  број и ќе разберете зошто сето ова е толку важно за нормалниот развој на детето.

Види повеќе:

Зошто е толку важен правилниот избор на детски патики?

Нозете на малите деца растат со многу брзо темпо. Во овој период им требаат најудобни и најсигурни обувки, вклучително и детски патики. Важно е обувката да одговара не само на должината, туку и на ширината на стапалото. Само правилниот број и форма на обувките можат да помогнат во подобрувањето на целокупниот раст и развој кај детето. Тоа е способност на телото да ја чувствува сопствената позиција во опкружувањето. Ова се должи на зглобовите и мускулите, кои испраќаат пораки до мозокот за координирање на движењето.

Детските патики треба да им овозможат на нозете на децата да стојат близу до земјата, истовремено да ги одржуваат стабилни за да има можност, сензорите да вратат со повратна информации,од која има потреба во моментот.

Одењето и слободното, поставување на стапалото во детски патики влијае на држењето на телото, мускулите и циркулацијата на крвта. Во потрага по најдобрите детски патики, родителите понекогаш посегнуваат по ортопедски чевли. Имајте на ум, сепак, дека на децата им требаат анатомски обувки, вклучително и детски патики. Ортопедските чевли се специјално дизајнирани за деца кои имаат проблем - рамни стапала, искривување итн. На здравите стапала им се потребни удобни детски обувки или патики кои ги следат природните облини и обезбедуваат стабилност при секое движење.

Совети за избор на детски патики

Една од најважните работи при изборот на детските патики за вашите најмали е да ги имате во вистинска големина. Притискањето на врвот на чевлите и тестот на прстите не се методи на кои можете да сметате. Причината? Децата автоматски ги повлекуваат прстите кога ќе се изврши притисок, па може да се залажете дека детските патики се по-големи.

Имајте на ум дека детските обувки треба да бидат поголеми за 6-7 мм од должината на стапалото и да имаат поширок преден дел. На овој начин детето ќе се чувствува пријатно и слободно во детските патики. Дури и да го знаете бројот на детето, постојат неколку трикови во мерењето кои ќе ви помогнат да ги откриете идеалните детски патики.

  • Не ги мерете ги патиките за деца наутро - тогаш нозете се уште се одморени. Сепак, по неколку часа играње, тие отекуваат. Ако изберете премногу тесни обувки, тие ќе создадат непријатност при носење.
  • Нека не ве залажува помислата да одберете поголем број детски патики, со мислата дека децата ќе ги носат подолго време. Ова може да доведе до проблеми во развојот на нозете во иднина.
  • Не купувајте премногу мали детски патики. Стапалата и прстите никогаш не треба да се смачкани, ова доведува до болка и деформации.
  • Побарајте од детето да се движи со детските патики во продавницата - не е доволно само да ги облечете и да прошетате малку со нив. Провоцирајте го да скокне, танцува, игра и набљудувајте ги детските патики на дело. Тие мора да го следат обликот на нозете и да бидат стабилни при секое движење.
  • Ако сеуште се сомневате, најдобро е да се консултирате со професионалец кој ќе ви помогне да ги одберете правилните детски патики за вашето дете!

Како да знаете, дека децките патики се веќе мали за вашето дете?

Дали е време за нови детски патики? Ако децата се уште се премногу мали за да проценат дали обувките им се неудобни, постојат неколку знаци за да го дознаете тоа:

  • Ако обувките предизвикуваат плускавци и силно ја притискаат кожата, тогаш е време за нови детски патики.
  • Ако прстите се притиснати еден до друг во детските патики, тоа исто така значи дека обувките се мали.
  • Ако детето одеднаш стане помалку активно, веројатно му требаат нови, поголеми и поудобни детски патики.
  • Ако не сака да ги облече обувките, тоа може да биде знак дека тие веќе му се мали и му предизвикуваат непријатност. 

Важно е да бидете сигурни дека децата носат, детски патики со соодветна големина. Во спротивно, може да се појави болка во коленото, колкот, грбот или зглобовите!
Како да процените дали детските патики не се премногу големи за вашето дете?

Изборот на детски патики, особено за помалите деца, може да биде предизвик за родителите. Во обид да се заштитите од купување помали детски патики, внимавајте да не отидете во друга крајност - поголема од потребната бројка. Ова е исто така многу штетно за самиот раст и развој на стапалото. Еве како да откриете дали детските патики се премногу големи за вашето дете:

  • Ако петата на детето се движи горе доле при одење, тогаш детските патики се барем за еден број поголеми.
  • Ако детето ги врти глуждовите при одење, тогаш обувките му се широки.
  • Ако детето ги влече нозете или се сопнува, тоа е најверојатно затоа што патиките на детето се големи.

K&K - детски патики, создадени за детската игра

На пазарот има широк спектар на обувки наменети за деца, но не се сите корисни за малите нозе. Ние во K&K скоро 25 години дизајниравме детски патики и други видови чевли. Тие се прилагодени на нивните анатомски карактеристики така што совршено им прилегаат. Ние го реализираме целиот циклус од моделирањето на обувката до готовиот краен производ. Нашите детски патики го поттикнуваат движењето. Тие ги следат природните облини на стапалото и им овозможуваат на децата да играат слободно.

K&K  - детски со флекси степ технологија

Нашите специјалисти го создадоа технолошки новиот систем на флекси степ. Таа е присутна во моделите на детските патики и е резултат на нашата желба да направиме обувки со многу флексибилен ѓон. Тие обезбедуваат максимална пластичност во областа на природно свиткување на стапалото. Со технологијата флекс степ вградена во детските патики, децата се чувствуваат како да одат боси!

Зошто да изберете детски патики од K&K?

Кога креираме детски патики, ние користиме само високо квалитетни и високотехнолошки материјали, гарантирајќи јачина и удобност. Заедно со педијатри и ортопеди создаваме чевли, вклучително и детски патики, кои оптимално го поддржуваат природниот развој на стапалото на детето. Знаеме дека на здравите деца им требаат анатомски обувки  што ќе им овозможат да растат агилно и силно. За самоуверените чекори на вашето дете, изберете детски патики произведени од „Колев и Колев“!

Споредба на продукти