Зошто децата проодуваат со нашите бебешки обувки ?
Моментот на проодување е еден од најважните во растот на вашето бебе. Но, со тоа доаѓа и потребата да се купат првите „вистински“ обувки.Во нив треба да се чувствуваат пријатно и да одат лесно и слободно. Тие треба да бидат лесни за носење и специјално дизајнирани да го следат обликот на ногата на бебето. Слатките први чевлички остануваат засекогаш во нашите срца.
Секое бебе започнува да се движи во различни периоди, кога се чувствува безбедно.
Неосетното ползење и исправеното, одат заедно со првите смели чекори во придружба на мама.
Децата се незапирливи во овој процес.
До тој момент најдобро било стапалата да се боси, сега треба да ги облечеме, приближувајте се деликатно и внимателно во темата на изборот за првите обувки.
Што да им облечете на бебешките стапала за да се чувствуваат слободни и да почнат да го истражуваат светот?
Веќе 20 години, дизајнерите технолозите во K&K се грижат за поддршка на малите стапала, користејќи ги најлесните материјали, флексибилни ѓонови и постојано го прилагодуваат дизајнот на ексклузивен производ – Бебешки обувки K&K за проодување. Тие се најдобриот помошник на нашите мали богатства во нивните први чекори. Бебешките обувки со патент преку ѓонот се совршената опција за нежните стапала во периодот на проодување до стабилно самоуверено одење.
Во бебешките обувки K&K, го ставаме нашето искуство, како и препораките на педијатриските ортопеди и генерации мајки, со посебен акцент на следниве детали:
-да бидат изработени од максимално лесни материјали за да не тежат на стапалата кои не се навикнати на обувки;
-да бидат, со што е можно пофлексибилни ѓонови, кои обезбедуваат слобода и леснотија, истите да се изработени од материјал што го намалува лизгањето при стапнување;
-да имаат меки влошки и постава за поудобно чувство но и да не им го заштити од повреди нежното стапало;
-да може лесно да се облече преку нежните бебешки ноџиња, облекувањето да биде еден вид „игра“ со целосното отворање на патентот преку ѓонот;
-да имаат широк фронт за да дозволат прстите да се движат слободно и да не ги притискаат;
-да имаат мека крагња за да ги заштити нежните глуждовите при одење.
Секој од овие детали е важен затоа што, нивната комбинација го носи првото одење во обуено стапало. Бебешките обувки се одлични за да се избегне стресот на првите обувки и се добро прилагодени за фазата на проодување. Тие се една од стапките за правилен развој на детското стапалото во овој важен момент на раст.
Генерации на македонски деца проодуваат со нашите бебешки обувки. Мајките и бабите нарачуваат, транспортираат и донираат низ целиот свет.
Тие се погодни за секаков вид облека и пригоди
Тимот на K&K постојано развива нови модели и комбинации на нивните омилени класични бебешки обувки со патенти - светли и шарени обувки за пролет, сандали за лето, топли обувки за зима.
Бебешките обувки K&K се обувки за проодување, но и забавна играчка - прашајте ја секоја мајка чие дете ги носело.