Поврзи се со нас:
071 219 955

Мени
Мени
  • Почеток
  • Детското стапало - анатомија и развој

Детското стапало - анатомија и развој

  • Детското стапало

    АНАТОМИЈА

    Малото детско стапало се состои од 28 коски, 107 лигаменти и 19 мускули, кои се меѓусебно поврзани преку зглобовите. Сето ова дава потпора и мобилност на детето. Неверојатно е како ова мало чудо станува стабилен и здрав придружник за цел живот. 
    За време на целиот наш живот нашите нозе изминуваат растојание еднакво на три до четири круга околу светот. Кога одат, потскокнуваат или трчаат, стапалата поднесуваат тежина, неколку пати поголема од онаа на телото. Со секој изминат чекор, нозете стануваат постабилни и здрави, исто така ја  задржуваат флексибилноста. Ете зашто природата ги подарила со многу специјална структура. Дури и во првите месеци, малите ноџиња се движат разиграно и со леснотија. Кога децата почнуваат да лазат, да стојат исправени и да одат, од детското стапало и мускулите на нозете се бара многу повеќе. Затоа е потребно многу движење и игра со детските обувки, кои совршено одговараат на нозете, не ги стегаат, обезбедуваат потпора и мобилност без да ги ограничуваат во нивниот природен развој. 
    Во соработка со педијатри и ортопеди, специјалистите на K&K создаваат обувки кои оптимално го подржуваат природниот развој на детската нога бидејќи на здравите деца не им требаат ортопедски, туку анатомски обувки кои ги следат природните кривини на нивните нозе.

     

    РАЗВОЈ

    Движењето е основата на целокупниот развој на детето, бидејќи дури и менталната активност е тесно поврзана со моторната функција. 
    Децата интуитивно знаат кога е време за да ги направат  своите први чекори. Општо земено, тие почнуваат да се учат да одат приближно меѓу осмиот и дванаесеттиот месец. Од првата до четвртата година ногата расте со два броеви годишно. Кај девојчињата нозете престануваат  да растат  меѓу десет и четиринаесет годишна возраст, додека кај момчињата  меѓу четиринаесет и осумнаесет годишна возраст. 
    Штом детето се научило да оди, на нозете им се распределува поголема тежина. Стапалата и нозете почнуваат да играат се поголема улога. Мускулите, лигаментите и тетивите постојано се адаптираат на физичкото оптоварување. Во моментот, во кој детето почнува  да го истражува светот во исправена положба, станува исклучително важно стапалата да му се развиваат правилно. 98% од сите деца се раѓаат со здрави нозе. Повеќето повреди, кои настанале  се предизвикуваат уште во најраната детска возраст од недостатокот на движење и обувки, кои се несоодветни за детските нозе. 
    За да сме сигурни дека стапалата се развиваат здрави, треба да се погрижиме да децата во нив се движат што е можно послободно. Детските стапала имаат потреба од движење, за да се обезбеди нивниот правилен и здрав развој. Колку повеќе Вашето дете си игра, толку здрави и силни стануваат неговите нозе. Најдобар начин е тие да се боси или во соодветни детски обувки(точен број на обувките).

Споредба на продукти