Поврзи се со нас:
071 219 955

Мени
Мени
  • Почеток
  • Какo да го одредите правилниот број на обувки за вашето дете

Какo да го одредите правилниот број на обувки за вашето дете

Детските обувки

Детските нозе растат  секој ден. Убаво е да го измерите детското стапало на секои три месеци. Ова ќе ви помогне да бидете сигурни дека вообичаено користените обувки не се премногу мали и не ги стегаат нозете на вашето дете. 


Купувајте детски обувки попладне, бидејќи детските стапала стануваат поголеми во попладневните часови од денот (отекуваат). 
Притискање на врвот на обувките и тестот со палецот не се методи на кои може да се потпрете.

Децата автоматски ги собираат прстите доколку осетат притисок врз нив и така може да сте во заблуда дека чевелот е поголем. 


Детските чевли треба да се малку поголеми (9-15мм) од должината на нозете, бидејќи тоа расте постојано и да се со поширок преден дел, за да се чувствува детето удобно и слободно да се движи. 


Детски чевли треба да се удобни и во должина и ширина - тогаш одењето на детето е природно и тоа се движи со леснотија. 


Најдобрите детски обувки се оние кои ги следат природните движења на нозете, а не оние на кои нозете треба да се прилагодат. 


Запомнете дека за стабилноста на детето за време на сите негови игри е неопходен флексибилен ѓон кој не се лизга. 


Освен удобни и сигурни детските обувки треба да се "справат" со вирови, да се стабилни при трчање, скокање и качување и да ги задржуваат нозете топли и суви.

Споредба на продукти