За штотуку проодени деца, несигурни во своите први самостојни чекори, развиваме специјална серија обувки со дополнително зајакнати петти за повеќе стабилност и правилна позиција на стапалата.Овие чевли имаат флексибилни и лесни ѓонови,кои детето не ги чувствува на нозете.
Децата во градинка на возраст меѓу четири и шест години се најактивни во нивните игри. Тие се и првите кои активно учествуваат во изборот на своите обувки. Биомеханика на нивните стапала и бројните движења кои ги вршат секој ден, прејудицира на претежно спортски модели во колекцијата наменета за нив.
За малите госпоѓици и господини кои веќе одат на училиште нивните авантури се пренесуваат во училишниот двор. Обувките направени за нив треба да обезбедат,целодневна заштита и удобност на нивните нозе, да имаат неверојатно современ дизајн кој e дел од нивниот секојдневен живот. Токму тоа се критериумите со кои се усогласуваат нашите специјалисти во развојот на моделите за деца на училишна возраст.